Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид: Да му покажеме на Заев дека треба да си замине
Со цензурирани медиуми кои исто како и Премиерот не смеат да го пишат името Македонија не се стигнува во Европа. Погазена е слободата на медиумите и новинарската фела помножена со нула како последица на договорот Заев - Ципрас.
Државната новинска агенција МИА, е првата жртва на капитулантскиот договор за промена на името. МИА вчера наместо да ги информира граѓаните, беше принудена да ги дезинформира и тоа само затоа што на Грција и пречи одредена изјава на Заев. Само со еден укор од Атина, МИА мораше да ја повлекува изјавата која ја даде Заев, и да пишува друга, која тој не ја дал, но е по мерката на Атина. Цензурата врз МИА во детал ги покажува штетите од овој договор. Ниту новинска агенција, која е должна да ја пренесува вистината, тоа нема да може да го прави, ако тоа не и се допаѓа на Атина.
Доколку вака Атина се однесува кога договорот се уште не стапил во сила, како ќе се однесува кога ќе стапи? Што се ќе треба Република Македонија да подголтнува, како резултат на штетните политики на СДСМ?
Заев мора веднаш да ја објави содржината на Уставните амандмани и да и покаже на јавноста што се губиме.
Граѓаните мора да знаат се пред да донесат одлука како ќе постапат на 30 септември. Ниту еден факт не смее да се сокрие.
Заев конечно да смогне сили и храброст и да излезе на дебата, доколку е демократ за каков што се претставува, тогаш зошто бега од дебата? Дали му е страв од немањето на аргументи и незнаењето како да ги објасни Уставните измени, губењето на идентитетот, историјата и културата? Доколку му е страв и не знае што да прави, да си поднесе оставка.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите кои се против овие штетни политики на Заев, денес од 13 часот во Охрид, да ни се приклучат на големиот протестен марш, да му покажеме на Заев дека треба да си замине. Да му покажеме на Заев дека Македонија знае што е најдобро.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи