Протест во Ѓаковица за ослободување на Морина

Во центарот на Ѓаковица за денеска е најавен протест со барање за ослободување на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од овој град, Томор Морина, кој минатата недела беше уапсен од македонската полиција врз основа на потерница од Интерпол, јави дописникот на МИА од Приштина.
Барање до властите во Скопје за ослободување на Морина претходно упатија и властите и политичките субјекти во Приштина, како и политичките субјекти на Албанците во Северна Македонија.
Вчера со такво барање истапи и вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата во Скопје, Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ), кој изјави дека потерницата за Морина треба да се поништи, затоа што е издадена „како за граѓанин на Република Србија, додека тој е државјанин на Република Косово“.
Властите во Белград поднесоа барање до македонското Министерство за правда за екстрадиција на Морина, кој е осомничен за злосторства врз српски цивили во Косово во војната во 1998-99 година.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
