Протест против францускиот предлог и вечерва пред Владата
Пред Владата вечерва продолжи протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.
Протестот што почна вчеравечер официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.
И вечерва учесниците упатуваат пораки против францускиот предлог и апели да не се потпишува. Се интонира националната химна, а преку разглас се пуштаат патриотски песни.
Ново на Сител
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
