Loading Video...
Македонија
15. August 2021 - 21:17

Протест против антиковид мерките и вакцините во Скопје и Битола

Граѓаните на собирот пред Собранието упатија порака дека секој има право сам да избира дали ќе се вакцинира. Организаторите најавуваат дека ваквите собири ќе станат секојдневие доколку вакцината стане задолжителна пропусница за нормален живот и движење.

На протестот граѓаните револтирано реагираа поради рестриктивните мерки кои ги воведува Владата. Стравуваат дека со тек на време тие ќе станат и поригорозни, а вакцината ќе биде задолжителна и на работните места или за учениците кои сакаат физички да присуствуваат на наствата. Велат дека тоа не смее да се дозволи.

Некои пак зборуваа од лично искуство за несаканите ефекти на вакцините, кои велат некогаш упропастуваат а не спасуваат животи.

Протести се одржаа и во другите градови во Македонија, а од Битола се испрати порака дека се против задолжителна вакцина и рестриктивните мерки.

Вакви протести се секојдневие во Европа. Во Франција веќе со недели се протестира против антиковид мерките со вакцината станува пасош за слободно движење и нормален живот.