Протест пред Парламентот против Договорот за името
Под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ пред Собранието на Република Македонија се одржува протест против Договорот за спорот за името во организација на група граѓани „Млади за Македонија“.
Учесниците на протестот носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат да се зачува уставното име.
Спроти почетокот на протестот групата на нивниот ФБ профил објавија порака со која апелираат на воздржување од насилство и напади врз полицијата.
- По никоја цена не смее да се дозволи напади на полицијата, а ние се оградуваме од секаков вид насилство. Ве повикувме сите вие да се воздржите од насилство и да превенирате насилство. Ние се оградуваме од секој вид насилство, говор на омраза или недолично однесување, стои на ФБ статусот.
Според објавеното на ФБ, Млади за Македонија се изјаснуваат за студенти од сите политички спектруми обединети под една цел - одбрана на името на татковината Македонија.
Од МВР упатија апел до учесниците на протестот да се воздржат од насилни акти.
- Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Роналдо по пласманот во четвртфиналето на ЕП 2024: Необјасниви моменти
-
На „Богородица“ за излез се чека 40 минути, на „Табановце“ за влез половина час
-
Стартуваше летниот времен режим на сообраќај за камиони
-
Словенија, Хрватска и Србија зафатени со силно невреме
-
Орбан пристигна во Киев, ден откако Унгарија го презеде претседателството со ЕУ
-
Ирански генерал се закани со нов ракетен напад врз Израел
-
Бајден: Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД
-
Северна Кореја тестираше нова тактичка балистичка ракета