Протест на земјоделци од Свети Николе
Земјоделци од Свети Николе денеска со трактори го блокираа патниот правец Штип - Скопје во близина на фабриката за месни производи МИК. Блокада траеше половина час, а е резултат на последните политички случувања во земјава.
Велат дека се загрижени за својата и иднината на нивните деца. Приоритет, додаваат, им се стабилноста и економскиот проспериритет. Не сакаат никој да експериментира со македонските национални чувства, а дополнителното усложнување на и ионака сложената состојба, ја доведува во прашање нивната егзистенција.
- Ние земјоделците, Македонци, Албанци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци, сакаме да живееме во заедничка држава, Република Македонија, која нема чекор по чекор некој да ја менува, се додека не ја растури, изјави Кирил Митев, земјоделц од Свети Николе
Според Трајче Станојков, жител на Свети Николе, еднаш се направи територијална поделба. - Сега не може повеќе да се дели оваа држава зашто немаме друга, рече Станојков.
Получасовниот протест, посочија земјоделците, е само еден од начините да покажат дека се овде и дека со сите сили, како што рекоа, ќе ја бранат земјава, со сите нејзини обележја на самостојна, суверена држава и ќе се спротистават на секоја идеја за нејзино редефинирање.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија