Протест на вработените од училиштата во Боговиње
Вработените во основните училишта од општина Боговиње денеска околу еден час протестираа пред општинската зграда затоа што два месеца не зеле плата. Велат дека доцнењето на платите е резултат на немање градоначалник во општината затоа што пред два месеца општината остана без првиот човек кој беше смртно застрелан.
- Осумдесет отсто од просветарите коишто работиме тука во Општина Боговиње единствено од тоа егзистираме, а најлошо е тоа што немаме ниту пензиско, ниту здравствено осигурување. Пред некој ден колега имаше инфаркт и мораше да плати кауција затоа што не ни е платено здравственото осигурување, изјави вработен.
Просветарите вината за немањето градоначалник ја посочуваат на теснопартиските интереси на советниците на Општина Боговиње коишто досега не успеале да изберат градоначалник.
- Во два наврата Советот се состана да избере градоначалник, меѓутоа тоа не успеа. Едниот пат беше предложен за градоначалник член од опозициониот блок на Советот, меѓутоа тој не се изгласа затоа што седум гласа беа „за“ и седум „против“. Исто така и вчера се состанаа советниците, но само дојдоа советниците од позицијата, а од опозициониот блок не дојдоа со што не успеаја да изберат прв човек, велат претставници на вработените во основните училишта од Боговиње.
Во телефонски разговор претседателот на Советот на Општина Боговиње Сафет Имери посочи дека ќе се обидат во наредниот период во рок од две недели да изберат в.д. градоначалник на Боговиње, а ако не успеат во нивната намера ќе ја повикаат Владата која има законска обврска таа да одлучи кој ќе ја води општината.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз