-->
-->
Протест на „Тврдокорни“ во Скопје
-->

Здружението „Тврдокорни“ вечерва одржа протест против Законот за јазиците пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред Собранието на Република Македонија.
Учесниците на протестот изразија разочараност од раководствата на двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за како што рекоа, низата предавства направени во изминатите години.
Според организаторите на протестот, двојазичноста не е само губење на македонскиот карактер на државата, туку и „прикриен тивок, но сигурен културен геноцид врз македонската нација“.
Ана Бобинкова порача дека ќе се борат за интересите на македонскиот народ, државниот суверенитет и националните интереси.
„Тврдокорни“ најавија протест и за утревечер и ги повикаа граѓаните да излезат во поголем број.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
