Свет
9. November 2016 - 11:36

Протест на студентите во Орегон по изборот на Трамп

По објавувањего на резултатите од гласањето и сознанието  дека Доналд Трамп е избран за нов американски претседател, во неколку градови од сојузната држава Орегон се одржаа демонстрации против ибзраниот републикански кандидат.

Како што пренесуваат локалните медиуми, стотици студенти од Орегон излегле на улиците.

-Чии се овие улици? Тоа се наши улици!, извикуваа демонстрантите.

Трамп е избран за 45. претседател на САД, победувајќи го својот противкандидат од демократскиот табор, Хилари Клинтон.

Во Орегон, традиционално упориште на демократите, победи Клинтон со десетина процентни поени разлика