Протест на припадници на полицијата во Сараево
Пред зградата на Федералниот парламент во Сараево денеска се оджува протест на вработени во полицијата од Сараевскиот кантон, кои не се согласуваат со предлогот за новиот закон за пензионирање, според кој нивните пензии би се пресметувале по пониска скала во однос на актуелната.
Тие вчера протестираа пред зградата на Владата, но бидејќи не беа примени од ниту еден влади претставник, три протестот го продолжија денеска пред Парламентот.
- Не можам да одговорам на прашањето дали тој закон денеска ќе биде на седница на Парламентот, колку што сум известен, нема да биде. Тоа е работа на раководството на Парламентот и на самата процедура во Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина. Мислам дека законот денеска нема да се најде на заседание на Претставничкиот дом на ПФБиХ. Што се однесува на законот, ние разговаравме и преговаравме со Синдикатот, со многу синдикати на полицијата, рече министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ Аљоша Чампара.
Полициските синдикати бараат посебен статус, што не го прифати Владата со спорниот закон. Од друга страна полицајците бараат и дополнителни гаранции.
Синдикатите инсистираат во законот да се вметне одредба, според која, начинот на пензионирање на полицајците би бил регулиран со посебен Закон за полициски службеници.
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
