Протест на НСП и НСОН за усогласување на платите со минималната плата
Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) и Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска на протест пред Владата побараа усогласување на платите во секторите образование и полиција со износот на минималната плата, согласно со колективните договори. Учесниците на протестот се собраа пред хотелот Вип од каде се упатија пред зградата на Владата.
Од полицискиот синдикат побараа вредноста на бодот од 27 денари да биде покачен на 62 денари.
Генералниот секретар на НСП, Орце Коцевски рече дека иако ги доставиле барања до Владата за решавање на проблеми те со кои се соочуват полициските службеници добиле известување дека тие се проследени кај министерот за внатрешни работи, кој, како што посочи, не игнорира 2,5 години.
-Ова е сумата со која што полицискиот службеник вас ве брани, се грижи за вашата безбедност и го изложува неговиот живот за вие да бидете живи и здрави. Во оваа сума помала од 400 евра му се тие мизерни 30 проценти овластување вклучително, храна, превоз, стаж. Платата на полицискиот службеник е 3 000 денари помала од основната плата од 18 илјади денари, рече Коцевски, покажувајќи транспарент „Живот на полицаец вреден 400 евра“.
Од Независниот синдикат за образование и наука го истакнаа проблемот со неусогласената минимална плата во секторот образование и најавија дека ќе продолжат со помасовни протести доколку не се реши проблемот се пресметување на платата.
–Денеска пред Владата, има огромен број просветни работници кои го искажуваат сопствениот револт поради ниската потпросечна плата и поради начинот на кој се прави пресметката за плата.Ако во нашата држава минималната плата е 18 000 денари повикуваме, апелираме и најавуваме дека од ден на ден ќе бидеме побројни тука доколку не се најде решение за просветниот работник конечно да добие достоинствена плата согласно законите и согласно животниот стандард, порача Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука.
Синдикалните претставници обвинија и дека не им било дозволено да постават шатори пред Владата.
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев рече дека на 3-ти месецов испратиле барање за таа намена до градоначалникот и Советот на Град Скопје и директорите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“, но оти „решението е затаено во административната лавиринтска постапка на Градот Скопје.
Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески,пак, ја поздрави одлуката на просветните работници да се приклучат на протестот, а на останатите им порача да се охрабат да си ги побараат своите права.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп