-->
-->
Протест на мигрантите во Белград
-->

Неколку стотина мигранти денеска протестираа во Белград барајќи Европа да ги отвори границите. Протестот се одржа пред стар магацин во центарот на Белград, кој е привремено засилниште на стотици мажи и момчиња првенствено од Авганистан и од Пакистан.
- Сакаме границите да бидат отворени бидејќи 90 проценти од луѓето тука се болни, изјави Авганистанецот, Ахмед Османи.
Демонстрантите носеа плакати „Слобода на движење“ и „Ве молам отворете ги границите“.
Околу 7.000 мигранти се сместени во бегалските центри во Србија или спијат во импровизирани кампови во парковите и покрај ниските температури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
