Балкан
12. September 2016 - 13:47

Протест на мигранти на островот Хиос

Во прифатен центар на островот Хиос денеска избувнаа немири при што млади мигранти запалија душеци и друга постелнина во знак на протест против условите за живот во кампот и доцнењето во обработката на нивните барања за азил.

Полицијата интервенирала пред протестот да ескалира и нема извештаи за евентуални повредени лица.

Илјадници мигранти кои се заглавени во пренатрупаните центри за прием на грчките острови со недели, а некои и со месеци чекаат одговор на нивните барања за азил.

Грчката полиција претходно соопшти дека бројот на бегалци и мигранти кои бараат азил во Грција, а се заглавени на Лезбос достигна 5.159 лица, на Хиос се 3.596 и на Самос 1.095 бегалци и мигранти.