Бизнис
15. January 2018 - 19:35
Протест на лозарите од кавадаречко кои си ги бараат заостанатите плати од винаријата Стефани
Итна промена на состојбите во лозаро-винарскиот сектор, потоа на постоечкиот Закон за вино, како и најважото - исплата на заостанатите пари за предаденото грозје од 2010-та година па наваму, побараа лозарите кои денеска протестираа два часа пред Винаријата *Стефани* во Кавадарци, која вкупно им должи околу еден милион евра. Некои од лозарите имаат побарувања од 5 до 10 илјади евра.
Лозарите, се револтирани што се уште не е извршена промена на сопственичката структура во Винаријата, па не знаат како да си ги наплатат побарувањата. Тие побараа ургениција и од ресорниот министер, Љупчо Николовски, а се заканија и со порадикални мерки доколку не им се излезе во пресрет, односно со блокирање на патиштата.
Кавадаречките лозари тврдат дека протестите немаат политичка заднина, туку дека тие се борба против винарската мафија и затоа треба да се солидаризираат винарите од целава земја.Тие се заканија дека ако ова продолжи, идниот род наместо во винариите, ќе заврши пред општината и во доловите.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->