Протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Кочани
Граѓаните на Кочани и вечерва и дадоа поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ со протестен марш низ улиците на градот. Ако се суди според присуството на граѓани ученици на протестниот марш, тој вечерва во Кочани беше еден од најмасовните кои во изминатите 11 дена се одржува за поддршка на унитарноста на државата.
И вечерва граѓаните на Кочани порачаа дека се против редефинирањето на државата, против воведувањето на албанскиот јазик за втор службен јазик, како и целосно отфрлање на тиранската платформа.
На присутните вечерва им се обрати Аника Илијеска Горгиева, поетеса од Кочани која преку сопствените револуционерни стихови ја упати пораката до македонскиот народ да се истрае во борбата за унитарност на државата и спас од туѓи сценарија.
На мирниот протестен собир во Кочани вечерва учествуваа и граѓани од соседните општини Зрновци и Чешиново Облешево. Протестот за заедничка Македонија продолжува и утре.
Ново на Сител
-
,,Библиотека на тркала'' во Струмица - полесно до книга
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции