Протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Струмица
Во Струмица попладнево се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од каде упатија несогласување со тиранската платформа и пораки за за зачувување на унитарноста на државата.
Како и претходните десетина денови, најпрвин пред граѓаните се обратија говорници кои ги изнесоа ставовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, како и сопствените видувања за актуелната политичка состојба.
- Овде сме бидејќи сме горди на тоа што сме и знаеме дека каде и да одиме Македонија во себе ја носиме. И каде и да останеме повторно во неа посакуваме да се вратиме. Не има и такви кои никогаш не би заминале и доволно е секој да се запраша и да си одговори. Истовремено да погледне малку пошироко, онака како што гледаме сите ние кои сме овде: Што доколку ни го помрашат единственото сонце кое не грее? Што доколку ни го одземат единствениот дом што го имаме? Македонија е една, единствена, наша и ничија друга, суверена и унитарна, рече младата струмичанка, Елена Стојанова.
Поворката граѓани потоа се упати низ централното градско подрачје преку старата чаршија испраќајки ги пораките за заштита и чување на државотворноста, името, химната и знамето на Македонија.
Деновиве во протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„ се вклучија и општина Василево и Општина Ново Село.
Ново на Сител
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
-
Загина 27-годишен мотоциклист по сообраќајка на патот Охрид - Св. Наум
-
Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата