Протест на ѕвездите поради Оскарите, се кренаа и Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт де Ниро

Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт Де Ниро вчера го поддржаа протестот во Холивуд против плановите на организаторите на Оскар, наградите за најдобра фотографија, монтажа и други категории, да се доделат за време на емитувањето на реклами на церемонијата,која се одржува следната недела.
Сандра Булок, Ема Стоун и Џон Хам, исто така, го поддржаа отвореното писмо на Мартин Скорсезе, Спајк Ли и Алфонсо Куарон, кои повикаа на промена на одлуката која ги навредува професионалците во тие категории.
Академијата за филмска уметност и науки на почетокот на неделата објави дека доделувањето награди за неколку категории ќе се одржи за време на емитувањето реклами во директна емисија на 24 февруари. Планирано е кратките снимки од говорот на победниците во тие категории да се емитуваат подоцна за време на директниот пренос.
Ново на Сител
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
