Протест на бегалците во Љубљана

Околу 30 бегалци утринава започнаа протести во бегалскиот центар во Љубљана поради бавното разгледување на барањата за азил и побараа да бидат примени од министерот за внатрешни работи.
- Некои од нас чекаат веќе цела година за да добијат статус на бегалци, изјави бегалец од Сирија.
Бегалците истакнаа, дека 90 проценти од оние кои поднеле барање за азил, се уште не добиле одговор, ниту пак некој ги информирал за текот на процедурите, со што повеќето бегалци во центарот се чувствуваат како „во затвор“.
Демонстрантите закачиле на зграда голем плакат на кој на англиски јазик пишувало „И ние сме луѓе“, со кој ги напоменуваат „неиздржливите“ услови во кои живеат.
Според огифицијалните податоци на словенечките власти од почетокот на миграциската криза во земјата влегле половина милион бегалци и мигранти.
Во моментов во Словенија се наоѓаат 297 мигранити кои поднеле барање за азил, а властите дале позитивен или негативен одоговор на други 614 барања.
Само 27 лица добиле статус на бегалци.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
