Протест „1 од 5 милиони“-Туркања на демонстрантите и обезбедувањето пред Предсетателството на Вучиќ
Синоќа во Белград се одржа 36-ти по ред протест на граѓаните „1 од 5 милини“, на кој на крајот на протестот, пред Претседателството кое е официјално седиште на Александар Вучиќ дојде до инцидент, кога тричлена делегација се обиде да ја тргне оградата пред објектот за да го остави списокот на барања на демонстрантите.
Притоа дојде до туркање на демонстрантите со многубројното обезбедување во цивилна облека, која го спречи тргањето на оградата, а еден од организаторите на протестот заврши во Ургентниот центар.
Еден од организаторите на протестите, Срѓан Марковиќ, рече дека со обезбедувањето бил постигнат договор да се овозможи на протестната делегација да го остави списокот со барања за фер избори. Меѓутоа, откако беа спречени, демонстрантите се обидоа да ја отстранат оградата околу зградата на Претседателството.
Во исто време, дојде до реакција на бројно цивилно обезбедување по што дојде до меѓусебно туркање.
Марковиќ успеа да прескокне преку оградата и со список на барања во рацете се обиде да дотрча до влезот во зградата, но неколку членови на обезбедувањето го фатија и со употреба на физичка сила го вратија од другата страна на оградата.
На протестната делегација набрзо потоа и беше дозволено да стигнат до зградата на Претседателството и да го остават список со барањата, документ во кој се содржани 42-те точки на Експертскиот протест тим на протестите „1 на 5 милиони“, кои претставуваат црвена линија без чија имплементација до 1 септември, нема да има избори.
Сојузот за Србија (СзС) денеска остро го осуди овој инцидент и побара итно идентификување на лицата што ги нападнаа демонстрантите на протестот „1 на 5 милиони“, кои, според претходниот договор со полицијата сакаа пред зградата на Претседателството да остават препораки и заклучоци на стручниот тим на протестите.
-Ако станува збор за полицајци во цивилно, тие знаат дека тупаниците не се законско пропишано средство за одбрана на просториите околу зградата на Претседателството. Тупаници користат криминалци и хулигани, што на овој начин станаа луѓето кои се пресметаа со демонстрантите, се вели во соопштението на СзС.
Ако станува збор за припадници на српските вооружени сили кои го обезбедуваат претседателот, тогаш целиот настан преставува прв настап на армијата на улица по 9 март 1991 година.
-Прашањето е колку сме далеку од сценариото на (Слободан) Милошевиќ за изведување на тенкови врз граѓаните кои ја демонстрираат борбата за слобода и демократија. Јавноста има право да биде информирана кои се лицата што ги претепаа демонстрантите и протв нив да се покренат законски мерки, потенцираат во СзС.
За денеска напладне, српскиот претседател Александар Вучиќ, најави обраќање пред јавноста.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање