Протече таен дневник на Меган Маркл
Идната членка на британското кралско семејство, Меган Маркл имала блог за „борбата за опстанок“ во Холивуд. На него, освен за својата склоност кон евтино вино и сирење, таа пишува и за „магичните гради'' и за многу секс.
Блогот се појавил на почетокот на 2010 година, под наслов „Вредната глумица" и брзо станал многу популарен меѓу актерите почетници.
Претставувајќи се како глумица која работи и користејќи ја силуетата на празно режисерско столче како свое лого, Меган настапува анонимно, и никому не му паѓало на ум дека тоа е таа.
Идната сопруга на британскиот принц Хари опишувала ситуации во кои една глумица морала да прифати работи од кои се згрозува, гладувала, а утеха барала во чоколадата, сендвичи и евтино вино. Во овие текстови, таа, имплицитно, како да говори за себе.
Во нив се говори и за надмени и себични агенти, а ја отвора и темата околу бракот со продуцентот Тревор Енгелсон. За него пишува дека „иако и недостасувал, времето без него било како одмор".
- Кога е добро, тогаш е е*ено добро. Останатите 300 денови е потешко од тоа што можете да замислите, се вели во една објава посветена на „непознатиот“ сопруг.
На веќе избришаниот блог, кој бил активен до 2012 година, авторката говори и за недобивањето улоги кои многу ги сака...
- Нема да ве лажам, многу денови минав стуткана в кревет, со парче леб и малку вино. Жално и комично, вели таа во објавите.
Актерот Ленс Картер за „Дејли Меил" ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина