Проститутките добија униформи
Проститутките во Италија ќе бидат принудени да ги баталат кусите здолништа и да носат рефлектирачки елеци и панталони какви што носат работниците на пат, за да се подобри безбедноста на патиштата.
Сексуалните работнички кои чекаат муштерии на главниот пат кон Милано во северна Италија ќе се соочат со казна од 500 евра доколку не носат флуоросцентна униформа.
Властите во градот Спино д’Ада велат дека проститутките стационирани на патот од Милано до Кремона предизвикуваат безбедносни проблеми во сообраќајот па затоа треба да бидат третирани како работници на пат.
Се претпоставува дека околу 15.000 проститутки дошле во Милано во пресрет на Милан Експо 2015 за да фатат нешто од напливот на туристи кој се очекува.
Новите мерки односно униформите за проститутките стануваат задолжителни од септември.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација