Македонија
28. May 2016 - 14:45

Проширување и нов асфалтен слој на влезната улица во Богданци

Во Богданци денеска почна реализацијата на втората фаза од реконструкцијата на главната влезна улица во населенето место која е дел од регионалниот пат Гевгелија-Богданци.

Втората фаза од реконструкцијата опфаќа проширување и поставување нов асфалтен слој на уште една делница од главната улица за влез во Богданци со должина од 400 метри и широчина од 6 метри.

- Работите ги изведува јавното претпријатие „Македонија пат“, а финансиските средства за двете фази во висина од 15 милиони денари ги обезбеди јавното претпријатие за државни патишта, рече Даринка Минова од одделението за односи со јавноста на општина Бопгданци.

Првата фаза од реконструкцијата, според информацијата од општина Богданци, беше изведена минатата година кога на улицата долга 750 метри и широка 8,4 метри беше поставена атмосферска канализација, исчистени се крајпатните одводни канали за влез на водата во реката Луда Мара и беше поставен нов асфалтен слој.