Проширена областа за пребарување на остатоците од рускиот авион во Египет

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска на 30 квадратни километри ја прошири областа за потрага по телата на жртвите и остатоците од авионот „А 321“, што се урна на египетскиот остров Синај, соопшти министерот Врадимир Пушков.
Пушков за каналот „Русија 24 ТВ“ изјави и дека одлуките за операцијата на потрага се донесени во соработка со египетските колеги.
- Личните предмети на патниците се однесени од местото на несреќата. Развиваме планови и програми за идната работа и продолжуваме да ги спроведуваме сите неопходни акции се додека не ја завршиме потрагата, додаде Пушков, пренесува ТАСС.
Пушков рече и дека спасувачите во потрагата по телата на жртвите користат дронови од руско производство, како и посебни технологии што им ја олеснуваат работата во тешки услови.
Министерот додаде дека потрагата ќе биде продолжена се додека сите тела и делови од тела на жртвите не бидат пронајдени.
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
