Македонија
3. December 2023 - 16:47

Проширена и детална истрага за случајот Вања бара експертската јавност

Семејството на Вања не било соочено со никакви закани и уцени вели нејзината мајка во разговор за Сител. За приведените петмина таа не сакаше да коментира велејќи дека ништо од инфомармациите не значат додека не се пронајде нејзината ќерка. За Зорица Ѓорчевска до денеска е нејасно како дојде до исчезнувањето и вели се уште е во шок дека се трага по нејзината ќерка. 

7ми ден откако Вања е пријавена за исчезната од центарот на главниот град откако излегла на пат кон училиште. Експертите сметаат дека истрагата во овој случај треба да се прошири на многу поголем број лица и да се вештачат предмети, социјални мрежи.

Според професорот Димовски полицијата оперативно ги презема сите потребни мерки и не е невообичаено да се распише во ваков случај потерница преку Интерпол. Димовски вели јавноста со право е вознемирена со оглед на начинот на кој веста се прошири но ова не е многу по различен случај од исчезнувања на други лица.

Инаку за случајот со Вања се вештачи и еден автомобил но каква поврзаност имал исчезнувањето од МВР не споделија детали. До сега се прегледани снимките добиени од повеќе од 50 безбедносни камери, полицијата пребарувала по голем број простории, подруми, речното корито на Вардар и манастири.