Просечната нето-плата во јануари 22.254 денари

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 22.254 денари и е повисока за 2 отсто во споредба со истиот месец лани, додека просечната исплатена бруто плата е 32.642 денари, односно повисока за 1,8 отсто. Во јануари годинава 1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на исплатената нето-плата се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (14,5 отсто), Административни и помошни услужни дејности (9,7) и Градежништво (8,7 отсто).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15,6 проценти), Информации и комуникации (12,8) и Преработувачка индустрија (7,2 процента).
Зголемувањето кај просечната бруто-плата, пак, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (13,7 отсто), Административни и помошни услужни дејности (9,5) и Градежништво (9,2 отсто).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (13,4 проценти), Информации и комуникации (11,3) и Преработувачка индустрија (7,4 проценти).
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
