Пропаднат дел од кејот на реката Црн Дрим
Кејот од десната страна на реката Црн Дрим во близина на мостот на Поезијата подолго време е пропаднат, а градоначалникот на општина Струга Зијадин Села се оградува од одговорноста за негово санирање.
- Како надлежност тоа е на ЕЛЕМ, не е на општина Струга. Тие го користат коритото и го регулираат нивото на водата. Тоа е и причината зошто е пропаднат тој дел. Колку киловати електрична енергија произведува општина Аеродром каде што ЕЛЕМ финансира изградба на парк во вредност од 15 милиони евра, а не инвестира и не го регулира коритотот на реката Црн Дрим што е ризик за граѓаните, рече Села.
Реконструкцијата и одржувањето на кејот на Црн Дрим, според ЕЛЕМ, е во надлежност на општината, која треба да се грижи за безбедноста на граѓаните што слободното време го минуваат таму, но и за оние што користат урбана опрема во угостителските објекти, за што надомест зема општината.
Директорот на подружницата на ЕЛЕМ, ХЕЦ „Црн Дрим“ Тони Маркоски појасни дека според Законот за води, за штетните дејства на водата надлежни се општините.
- Ние како ЕЛЕМ за управување со водата добиваме водостопанска дозвола и според пропишан режим ја управуваме и плаќаме надомест за користење на водата. За користење на водата за производство на елетрична енергија се плаќа месечно еден процент од остварената цена на продаден киловат. Значи секој месец различно плаќаме според производството. Парите ги уплаќаме на трезорска сметка и половина одат во Министерството за животна средина и просторно планирање, а другата половина во општина Струга, истакна Маркоски.
Тој информира дека само минатиот месец уплатиле 400.000 денари од кои 200.000 биле за општина Струга.
- Ние за управување и користење на водата плаќаме надомест, а за одржување на кејовите и нивниот изглед одлучува општината и таа се грижи првенствено за безбедноста на минувачите, изјави Маркоски.
Пропаднатиот дел од кејот е обезбеден за минувачите.
Ново на Сител
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин