Бизнис
26. April 2022 - 19:40
Пропадна протестот на КСС
Пропадна протестот на КСС. Денеска во 16 требаше да бидат блокирани крстосниците кај Собрание и Влада, но до тоа не дојде.
Малку членови на КСС се појавија на закажаниот протест. Лидерот на Конфедерацијата обвинува за притисоци.
Конфедерацијата на слободни синдикати се реши да организира протести за да побара усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата од 18.000 денари.
Според најавите, протестите требаше да се одржуваат од денеска до петок во траење од 16 до 17 часот. Дали тоа ќе се случи или КСС ќе делува поинаку ќе се знае вечерва по состанокот во Синдикатот.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->