Бизнис
19. February 2023 - 16:39

Пропадна повикот за евтини авиолинии

Ништо од евтините авио линии. Пропадна повикот за субвенионирани летови, на кој се пријавија Визер, Лефтханза и Ејџиан. Немале комплетна документација е одговорот од Министерството за транспорт. Очекуваат во најкус рок, односно почетокот на следниот месец да распишат нов повик, под истите критериуми и услови.

Останува незивесно дали македонските граѓани ќе можат евтино да летаат кон еврпските метрополи ова лето. Во моментов само Виз ер користи државна помош. За поголема конкуренција, Владата одлучи помош да им се даде и на други авиокомпании и тоа по 7 евра за превезен патник од скопскиот и по 4 и пол од охридскиот аеродром. Поддршката би ја користеле наредните 3 години, а за годинава од буџетот предвидени се 1,1 милион евра за оваа намена.

Во моментов од скопскиот аеродром услуги нудат 11 авиокомпании до 36 дестинации и 2 од охридскиот до 4 дестинации. Но сите, освен Визер се комерцијални летови.