Македонија
18. February 2022 - 16:33

Пропадна ли реформата на Царовска, Шакири најавува учебници за сите

Наследникот на Царовска ги враќа хартиените учебници од први септември. Министерот Шаќири вели дека од следната учебна година сите ученици во основно и средно училиште ќе имаат учебници. Но тоа не значи дека таблетите ќе фаќаат прашина, бидејќи учениците кои ќе сакаат ќе можат да ги користат дигиталните учебници.

До 10 јуни тие ќе продолжат да учат како и досега бидејќи според законските процедури потребни се најмалку три месеци за одобрување на одреден учебник.

-Оваа година ќе се разгледаат сите можности за децата од први септември да имаат учебници за тие предмети за кои досега се завршени повиците. За тие предмети за кои нема, ќе распишеме повик за да се пријават наставници и професори кои ќе поднесат ракописи за тие учебници, вели Шаќири.

Претходната министерка, Царовска направи дискутабилна дигиталзација. Иако беше најавувана нова платформа за учење, се се сведе на Мајкрософт тимс. Родители се жалеа дека со ПДФ учебниците школувањето веќе не е бесплатно за сите, со оглед на тоа што беа принудени да купуваат технолошки уреди.

Министерството за образование обезбеди само 10.000 таблети за децата од социјално-ранливите категории, а некои општини се обидуваа самите да им помогнат на дел од семејствата во набавката на технолошки уреди.