Пропадна ли националната платформа - дел од училиштата ја одложија онлајн наставата
Пропадна планот за старт на учебната година со функционална националната платформа. Учениците на првиот училишен ден ќе имаат само класен час преку мајкрософт тимс. Ова го потврдија и националните обучувачи кој цел изминат период се посветија да ги научат наставниците како да ја користат новата платформа. Насоките им се дадени денеска од страна на надлежните.
Онлајн поврзување со ученици воопшто нема да се одржи во некои училишта. Вакво известување денеска добиле родителите на ученици кои учат во скопски основни училишта. Неизвесно е дали ќе се спроведе од наредната недела. Контактиравме голем број наставници и директори кои се плашеа јавно да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат но потврдија дека пропадна националната платформа.
Покрај проблемите на родителите и наставниците од ФИНКИ тврдат дека апликацијата може да го поддржи товарот од приклучување на сите корисници одеднаш.
Некои училишта алатката мајкрософт тимс ја користат како една од опциите за спроведување настава со далечинското учење. За сега е сигурно дека учебната година ќе стартува само за учениците од 1 до 3 одделение кои се определиле за настава во училница.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар