Пронајдено украдено оружје кај малолетник од Гостивар
– Полицијата во домот на 16-годишен малолетник во гостиварско Сенце пронајде оружје за кое постои сомнение дека потекнува од кражби. Малолетникот и таткото се приведени.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во периодот од 15,50 до 17,40 часот во село Сенце, Гостиварско, по претходна наредба од Основен Суд-Гостивар, во присуство на работник од Центарот за социјални работи-Гостивар извршен бил претрес во куќа во која живеел 16- годишен малолетник.
При претресот пронајдени се и одземени пушка „Црвена застава“(карабин) со монтиран дурбин, метален нож, две ловечки расклопени пушки и една расклопена малокалибарска пушка, батериска ламба, двоглед и моторна пила.
Како што наведуваат од МВР, пронајдените предмети се фотодокументирани и одземени за вештачење, а постојат основи на сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.
Малолетникот и неговиот татко И.М.(66) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија
-
Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто
-
Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто
-
Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Дуда бара гаранции дека Нетанјаху нема да биде уапсен доколку го посети Аушвиц