Пронајдено телото на загинатиот грчки пилот
Речиси 24 часа вчерашното уривање на грчкиот воен авион, денеска во водите на Егејското море беше пронајдено телото на пилотот на леталото.
Телото на 34-годишниот Јоргос Балтадорос, според грчките медиуми, било забележано од рибарски чамец што учествувал во потрагата.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во исто време, продолжува акцијата за пронаоѓање на црната кутија за да се утврдат причините за уривањето на воениот авион во Егејското Море.
Алтернативниот министер за одбрана на Грција, Фотис Кувелис, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ, рече дека два грчки авиони „Мираж 2000-5“ тргнале да пресретнат два турски ловци Ф-16, кои го прекршиле грчкиот воздушен простор.
Меѓутоа кога стигнале Миражите, турските авиони веќе биле заминати, а несреќата се случила на враќање на девет милји пред воената база на грчкиот остров Скирос. Во еден момент се изгубила трагата на едниот авион.
Со наредба и одлука на министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, од вчера е прогласена тридневна жалост во грчката армија.
Во грчките медиуми, бура реакции предизвика начинот на кој беше соопштено дека пилотот е мртов. Додека беше во тек акцијата за пронаоѓање на остатоците од авионот, а пилотот се водеше за исчезнат, наместо официјално соопштение, грчкиот министер за одбрана Каменос, одбра преку неговиот Твитер профил да објави дека пилотот е мртов.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти
-
18-годишник се здобил со тешки повреди откако со возило излетал од патот кај Гостивар
-
Фатен бегалец од затвор
-
ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
-
ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, право загарантирано со ОКД
-
Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје
-
Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи