Македонија
1. November 2018 - 19:08

Пронајдено телото на исчезнатиот рибар од Дебар

Во водите на реката Црн Дрим доцна попладнево пронајдено е телото на исчезнатиот маж од Дебар, кој на 30 октомври беше пријавен за исчезнат.

Завчера во 19,50 часот во Полициска станица Дебар С.С.(58) од Дебар пријавил дека неговиот брат Ф.С.(49) од Дебар истиот ден околу 06,00 часот излегол од дома со намера да оди на риболов и не се вратил.