-->
-->
Пронајдени уште две безживотни тела во поплавите во Грција, бројот на жртвите во невремето „Даниел“ се зголеми на 14 лица
-->

Бројот на загинати во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“ се зголеми на 14 лица, откако денеска беа пронајдени уште две безживотни тела во поплавен дом во село во близина на градот Кардица, а исчезнати се три лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека загинатите биле идентификувани и станува збор за 65-годишен маж и 88-годишна жена, кои беа исчезнати.
Најверојатно станува збор за мајка и син.
Во погодените подрачја и денеска продолжува акцијата за спасување и евакуација на граѓаните заглавени во поплавените населени места.
Официјално, за исчезнати се водат три лица, еден сточар и двајца туристи од Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
