Пронајдени три „околни нови Земји“
Меѓународен тим научници откри три планети со големина на Земјата, кои би можеле да бидат „кандидати“ за населување.
Новооткриениот систем се наоѓа на околу 40 светлосни години од Земјата, се наведува во текстот, објавен денеска во списанието „Нејчр“.
Водечкиот автор на текстот Мишел Гилон вели дека системот иако е на огромна далечина, сепак во вселенски размери се смета за доволно блиску за да може да се нарече „околен систем“.
„Ловците на планети“ тие планети ги пронашле во близина на ултрастудената џуџеста ѕвезда, која е премногу слаба за да се појави во обична потрага по егзопланети. Двете планети се со големина на Земјата и им требаат два дена за да се свртат околу ѕвезда со големина на Јупитер.
Планетите се премногу блиску до ѕвезда за да бидат целосно населени, но авторите на текстот наведуваат дека на нив би можело да има предели во кои луѓето би можеле да преживеат. Планетите имаат синхрона ротација, така што едната страна секогаш им е свртена кон ѕвездата, како Месечината околу Земјата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Левица во директен договор со извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена
-
Преглед на вестите од светот
-
Експертите бараат поригорозни казни за прекршоци во сообраќјот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Средба Сиљалновска Давкова - Радев: Можни се компромиси и исчекор за деблокирање на процесот
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина управителот на дискотеката „Пулс“ кој беше на лекување во Литванија
-
Запрена истрагата против управителот на дискотеката „Пулс“