-->
-->
Пронајдени траги на насилство на телото на жената удавена во Калиманци
-->
На телото на 31 годишната Тања С. кое вчера беше извадено од водите на езерото Калиманци се пронајдени траги на насилство. Сепак, според информациите до кои дојде Курир, како причина за смртта се наведува давење од вода.
Она што досега е познато е дека мајката на Тања пријавила во полиција дека дошол нејзиниот зет Д.С. (41), по што почнале расправија со нејзината ќерка. Во еден момент брачната двојка од селото Дулица во општина Македонска Каменица влегле во автомобилот „Форд“ и заминале во непознат правец.
Полицијата го пронашла безживотното тело на Тања на површината од езерото Калиманци, а бидејќи на брегот биле забележани траги од возило се претпоставува дека во водите на езерото се автомобилот и телото на Д.С.
Потрагата за пронаоѓање на мажот и возилото во водите на езерото Калимаци се уште трае.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден