Македонија
25. September 2023 - 14:11

Пронајдени пушки при претрес во скопско Количани | ФОТО

Денеска (25.09.2023) во с.Долно Количани, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(35) од с.Долно Количани, соопштија од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.