Пронајдени петмината Чеси кои исчезнаа во Либан

Петмината Чеси кои во јули, минатата година исчезнаа во либанската долина Бека, по 199 дена беа пронајдени во понеделникот вечерта, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи.
- Министерството ја поздравува веста дека нашите граѓани се живи и според информациите во добра здравствена состојба, и сега се во рацете на либанските безбедносни служби, се вели во соопштението. Според најновите информации, шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек преземал чекори со помош на претставништвото во Бејрут за што побрзо враќање на Чесите во земјата.
Петмината исчезнати биле оставени на осамено место во планина, од каде со помош на мобилен телефон на случаен минувач, возач на камион стапиле во контакт со своите роднини.
Медиумите за исчезнувањето на Чесите шпекулираа дека би можело да биде поврзано со Либанецит Али Фајад, кој е во притвор во Чешка и се соочува со обвинение за соработка со терористи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
