Пронајдени останките на уште една убиена тинејџерка во Романија: Монструмот која ја силуваше и уби Александра го призна и убиството на Луизадени останки на друга жртва

Романското државно обвинителство соопшти дека пронашло посмртни останки кои би можеле да припаѓаат на друго девојче, кое било киднапирано и убиено од осомничениот, кој пред 10 дена беше уапсен поради убиство на 15-годишната Александра Мачесану.
Осомничениот за убиството на две тинејџерки во Романија, Георге Динча ги призна злосторствата. Динча (65) првично одбиваше да одговора на какви било прашања, но на крајот ги призна убиствата на Александра, која исчезна во јули и на 19-годишната Луиза, исчезната од април.

Динча тврди дека останките припаѓаат на Луиза Меленчу, изјави портпаролката на романскиот Директорат за истражување организиран криминал Михаела Пориме. Претставниците на Директоратот тврдат дека освен тие две девојки, нема други жртви.
Шефот на романската полиција Јоан Буда беше сменет по обвинувањата дека полицијата пребавно реагирала на телефонските повици на Мачесану дека била грабната.
Откако била киднапирана, девојката успеала трипати да го повика бројот за итни случаи 112 и да ѝ даде информации на полицијата за местото каде што ја држел возачот на автомобилот кој ја грабнал, откако таа стопирала со цел да се врати во Доброславени во јужна Романија.
Ново на Сител
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
