Пронајдени неексплодирани убојни средства во Охридското езеро
Дирекцијата за заштита и спасување на завчера во вечерните часови од ПС Охрид прими информација дека се пријавени неексплодирани убојни средства во водите на Охридското езеро во близина на „Плажата на АРМ“ до каналот на Езерската полиција.
Вчера рано утрото е организирана акција за пронаоѓање и вадење на неексплодираните убојни средства, во акцијата беа вклучени нуркачи од тимот за брз одговор за подводно дeминирање од Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид кои учествуваа во акцијата за „Чистење на Охридското езеро од НУС“ во изминатиов период.
Со чамец на Езерската полиција од Охрид се отиде до местото кое беше оддалечено околу 50 метри од брегот на езерото, се пронајдоа и се извадија две минофрлачки мини од 75 мм кои беа преземени од, пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување - Подрачно одделение - Кичево.
Истите се сместени на безбедно се до нивното уништување во организирана акција на полигонот на АРМ „Криволак“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут