Пронајдени безживотните тела на тројцата кинески рудари во рудникот Булќиза

По шестдневна потрага синоќа се извлечени безживотните тела на тројцата кинески рудари, кои загинаа при несреќа во рудникот за хром во албанското гратче Булќиза.
Рударите настрадаа во саботата на околу 700 метри под земја, при експлозија на гас. При несреќата веа повредени уште тројца Кинези, кои беа хоспитализирани во градската болница и се во добра здравствена состојба.
Кинеските рудари биле ангажирани во отворање на нов коп. Инвестицијата ја реализирала компанијата концесионер „Албхром“ преку кинеската компанија „Венжу Мајнинг“, која имала договор со концесионерот.
Во акцијата за пронаоѓање на рударите, во која беше вклучена многубројна спасувачка екипа, асистираа и претставници на кинеската амбасада во Тирана и албанското Министертво за енергетика.
Истрагата за несреќата ја води обвинителот Рифат Којку.
Ново на Сител
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
