Пронајдени 800 килограми храна со поминат рок во магацин во Куманово
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А.Б.(43) од скопското село Арачиново затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.
Како што соопшти денеска МВР, подоцна била извршена контрола и во магацин на улицата „Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од кумановското село Романовце, од каде ја зел стоката. Сопственикот признал дека стоката е негова.
Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.
- Пронајдената стока од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ, стои во соопштението.
Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Велигденска хуманитарна акција во Струмица
-
Бројот на пловила се зголемува, но нема марина
-
Преглед на вестите од светот
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува