Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
Деветмина мигранти, од кои четворица малолетни, се пронајдени синоќа од полицијата во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки во близина на село Табановце. Петмина мигранти од Сирија се пронајдени и во селото Речица.
- На 23.11.2024 околу 20.30 часот на автопат „Пријателство" во близина на с.Табановце од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Ј.Р. од с. Студеничани, во кое се превезувале мигранти. Возачот се дал во бегство, а во возилото се пронајдени девет лица- мигранти, од кои четири малолетни, се наведува во соопштението од полицијата.
Шестмина од мигрантите биле од Сирија, и по еден од Иран, Ирак и Палестина. Тие се пренесени во Транзитен центар Табановце, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
Во полицискиот билтен се наведува дека синоќа во 20.15 часот во село Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле пет лица-мигранти од Сирија. Лицата биле пренесени во Транзитен центар „Табановце“ за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки