Пронајдена почината изгубената планинарка на Шар Планина
Седумдесет и двегодишна планинарка утрово е пронајдена на Шар Планина во реон на Љуботен без знаци на живот, соопшти Центарот за управување со кризи.
-Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11:57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени, се наведува во соопштението.
Во потрагата, како што велат од ЦУК. биле вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, пет полициски службеници од ПС Теарце.
-Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07:30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина. Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител, соопштија од ЦУК.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација