Пронајдена марихуана во стан во Скопје, поведена истрага
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Во стан во кој престојувал уапсениот 25-годишник на булеварот “Партизански одреди” во Скопје, полицијата на 1 август пронашла вкупно 85,31 грам наркотична дрога – марихуана, спакувана во пет помали ќеси. Осомничениот и неговата 26-годишна соизвршителка заедно ја држеле дрогата наменета за неовластена продажба. Исто така, кај нив биле пронајдени и парични средства во евра и денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој и претходно бил осудуван за исто дело, како и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничената.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок