Пронајден убиецот на 76 годишниот маж од Крива Паланка
На 05.12.2023 од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово - ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од Крива Паланка. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик.
Имено, на 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело.
За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле