Пронајден стружанец премрзнат во шума

Полициската станица од Струга успешно ја заврши дводневната акција за пронаоѓање и спасување на жител на селото Враништа што претходно беше пријавен за исчезнат.
Во акцијата, на местото викано „Врагудењца“ лоцирано во атарот на селото Радожда, бил пронајден К.Ц. (70) од струшкото село Враништа, кој ден пред тоа беше пријавен за исчезнат. Околу 13:30 часот полициските службеници го забележале К.Ц. во планинскиот дел источно од магистралниот пат Струга-Ќафасан.
Тој бил во хипотермичка, свесна, но неконтактибилна состојба. После пронаоѓањето и првично дадената помош, К.Ц. со медицинско возило бил пренесен во општата болница во Струга на понатамошно лекување.

Во дводневната акција, беше ангажиран поголем дел од униформираниот полициски состав, инспектори од криминалистичката полиција како и две лица од селото Мали Влај. Тие, групирани во неколку тимови, два дена вршеа дневни и ноќни прегледи и претреси на поширокото подрачје на теренот во близина на Радожда. Инаку, на 12.11.2015 годниа околу 20,30 часот членови од неговото семејство во полициската станица во Струга го пријавиле исчезнувањето на К.Ц. кој во пределот Ќафасан-Мали Влај заминал да собира печурки.
Ново на Сител
-

Истражување на Галуп: Во Србија само 27 проценти од граѓаните веруваат дека 2026 година ќе биде подобра
-

Мите Стефоски избран за претседател на Советот на Општина Струга
-

Обвинителен акт против седум лица за даночна измама, меѓу нив и бизнисменот Ристо Крмзов
-

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
-

Приведени возачи од повеќе градови кои возеле под дејство на алкохол, еден од нив предизвикал и сообраќајка
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
