Пронајден еден од најважните ракописи во историјата
Научници од Египет пронајдоа ракопис за кој сметаат дека е оригинален текст напишан од таткото на западната медицина Хипократ.
Ракописот испишан на иструган пергамент, кој е откриен во текот на реставрација на библиотеката во манастир „Св. Катерина“ во Јужен Синај, создржи рецепт за лек што му се припишува на Хипокрит,
Рецептот е пронајден при скенирање на друг ракопис испишан преку оригиналниот текст.
- Станува збор за пергамент на кој последниот ракопис е стар најмалку 1500 години и тој ќе биде меѓу најстарите и најважните ракописи во светот, изјави професорот Мајкл Филипс.
Тој додава дека засега се уште не се знаеза каков рецепт станува збор, но нагласува дека покрај текст на пергаментот има и цртежи на билки.
Монасите пишувале преку него, најверојатно затоа што пергаментот во почетокот на новата ера бил многу скап.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени