Промовирано ЦД со македонска музика во Њујорк (ДПЛ)
Претставувањето на македонската култура пред американската јавност во Њујорк по спектакуларните настапи на Македонската Филхармонија во Кауфман центар и Карнеги хол беше заокружено со промоција на ЦД со македонска музика и со изложба на двајца македонски уметници.
Во ЦД-то насловено „Играј до последен здив“ издадено од „Smithsonian museum“ во Вашингтон се собрани 17 традиционални македонски изворни песни како што звучеле во 60-тите години во Македонија. Песните се собрани од страна на американскиот музиколог Мартин Кејниг.
- Мислам дека е големо постигнување што влезе во каталогот на институцијата Smithsonian и таму ќе остане засекогаш. Се додека постои оваа организација ќе постои и запис на музика од Македонија што ќе биде достапна за секој на интернет или преку ЦД по пошта. Луѓето ќе можат да го нарачаат и секој ќе биде во каталогот, изјави Кејниг за Македонската радио телевизија.
Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска најави дека овој аудио запис ќе биде промовиран и во Македонија.
- Се договоривме овој аудио видео запис да биде промовиран во Македонија, кадешто ќе го поканиме и господинот Кејниг да дојде и заедно со него да го промовираме. Во овој запис може да се види таа силна посветеност за македонската култура, за традицијата, за фолклорот и за сето она што е карактеристично за самата музика за Македонија, истакна Канческа - Милевска.
Таа оцени дека Македонскиот културен центар во кој беше промовирано ЦД-то, изминатата деценија прераснал во еден претпознатлив културен простор во кој секојдневно пулсира македонската уметнмост и култура. Нагласи дека во изминатите 10 години во центарот се реализирани над 130 настани со кои е афирмирана македонската култура и уметност.
ЦД-то го претстави американска група која го негува македонскиот фолклор во Македонскиот културен центар во Њујорк.
Присутните изразија задоволство и воодушевување од македонската музика. Некои од нив ја оценија македонската музика како убава, а други пак изјавија дека ги потсетува на младоста кога членувале во фолк групата во која учител бил Кенинг.
Покрај македонското вино и храна, гостите можеа да ги видат и инсталациите „Писмо“ на Ирена Пирковска и изложбата цртежи на Ацо Таневски.
- Додекоманија настана минатата година со вкупно 46 песни и потоа се
роди потреба тоа да се спакува во некаков поинаков објект, во една
книга збирка поезија, којашто ќе биде псоследена и со илустрацио, изјави Таневски.
Во последниве неколку дена Њујорк беше место каде македонските музичари и уметници ја претставија богата македонска култура и музика пред американската публика.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати