Промовирано бугарското издание на „Јавна и културна дипломатија" од Васко Шутаров.

Министерство за култура на Бугарија вчеравечер беше организатор и домаќин на промоцијата на бугарското издание на книгата „Јавна и културна дипломатија" од Васко Шутаров.
Пред многубројни љубители на културата и претставници од дипломатскиот кор, за книгата и авторот зборуваа Марјан Ѓорчев, амбасадор на Република Македонија во Бугарија, Дејана Данаилова од Министерството за култура на Република Бугарија и Пламен Тотев, во име на бугарското книгоиздателството „Изида".
Ова е едно од ретките дела посветени на културната дипломатија, една од поновите и најатрактивни области од дипломатијата, со која преку културни содржини и програми, државите и нивните дипломатии упатуваат пораки за своите системи од вредности, идеи, ставови, претстави, начини и култури на живеење. Меѓу првите и сеопфатни идстражувања во научната мисла на оваа тема се поместени токму во оваа книга, која на македонскиот книжевен пазар се појави во 2014 година.
Авторот на книгата Васко Шутаров е директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, а овој проект беше поддржан и помогнат од македонското Министерство за култура.
Ново на Сител
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
